Неканети гости им приредиле стрес-тест на Ди Марија и Влаховиќ во домот на Аргентинецот

На стрес-тест бил изложен тандемот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус, Ди Марија – Влаховиќ по натпреварот против Макаби Хаифа во Лигата на шампионите кој „старата дама“ го доби со 3:1. Влаховиќ на оваа средба постигна еден гол, додека Ди Марија беше асистент при сите три погодоци на „старата дама“ и заслужено го доби признанието играч на мечот. По овој натпревар двајцата соиграчи заминале во домот на Аргентинецот Ди марија, каде се соочиле со непријатни сцени. Додека биле во куќата им влегле крадци, но брзата интервенција на полицијата ги спасила фудбалерите од потрауматични сцени кои можеле да им ги приредат неканетите гости.

Според сведоци на настанот кои случајно се нашле во близина на домот на Ди Марија се слушнале и истрели од огнено оружје. Едниот од разбојниците набрзо по настанот бил уапсен, додека по двајца се уште се трага.

Грабежите низ Европа на фудбалери стануваат се почеста појава, а за Ди Марија ова е трет пат да се соочува со ваква ситуација. Претходно со разбојници и грабежи имаше судири додека беше во Париз и Манчестер.

Треба да знаете
Последни објави