Алесандро Неста е еден од легендарните дефанзивци кој во дресот на италијанската репрезентација и со екипите на Лацио и Милан ги освои речиси сите највредни трофеи.
И ден денеска Неста(46) се вбројува во листата на најдобри дефанзивци на сите времиња, а 46-годишниот Италијанец смета дека Ерлинг Халанд е врвен напаѓач, но со квалитетот е далеку зад Бразилецот Роналдо.
Италијанецот во едно интервју беше прашан дали кога беше во топ-форма би го запрел Халанд, по што следеше интересен одговор.
-Би можел да играм против Халанд, па јас играв и против Бразилецот Роналдо. Халанд е многу добар, но Роналдо беше нешто друго. Играв и против Меси и Кристијано Роналдо, но бразилскиот Роналдо за мене е пред сите. Ако сега би требало да го чувам Халанд би бил запелен до него. Жестоко би го напаѓал, цело време би бил во контакт со него. Кога ќе ја прими топката, веднаш мора да му се направи фаул, да не му седозволи да се заврти.Затоа што ако се сврти и види простор пред себе, тогаш се е готово, прокоментира Неста.