Работнички со телекомуникациски оператор ќе се враќа на победничките патеки во мак-баскетот

Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички е на пат да се врати на трофејните патеки откако обезбеди долгогодишна соработка со телкомуникацискиот гигант од Србија – МТЕЛ. Потпишувањето на соработката меѓу МТЕЛ и Работнички ќе се случи утре.                                -Договорот ќе биде потпишан на 8 октомври 2022 (сабота) во 12:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје меѓу извршниот директор на Мтел, г-динот Марко Лопичиќ и извршниот директор на КК Работнички Скопје, г-динот Горан Веселиновски. На настанот е предвидено присуство и обраќање на генералниот директор на Телеком Србија, г-динот Владимир Лукиќ, на претседателот на Владата, г-динот Димитар Ковачевски и градоначалникот на општина Центар, г-динот Горан Герасимовски“, пишува во клупското известување.

Треба да знаете
Последни објави