Екипата на Црвена Звезда нема по добро да го памети првиот натпревар оваа сезона во Евролигата, затоа што загуби на гостувањето кај Анадолу Ефес (72-59) во меч кој се одигра во Турција.
Мечот го одбележа стравична сцена откако среде меч од кровот падна парче директно на теренот.
За среќа никој не настрада, иако двајца кошаркари беа многу блузи до местото каде што се откачи дел од кровот, па сите збунето гледаа нагоре откако судиите го прекинаа мечот после инцидентот во третата четвртина.
Белграѓани беа во егал по првото полувреме, но си пресудија со лошиот финиш во кој шутот не беше според планот и процентот беше ужасен. Еден поен негатива имаше првакот во АБА-лигата на паузата (35-34), а во машинеријата на Анадолу Ефес влезе во последниот период кога даде само девет поени.
Клибурн беше најдобар со 19 поени кај Анадолу Ефес, пред МВП-то од ланската сезона Мициќ кој уфрли уште 16 поени, додека Беабу заврши со 10 поени. Кај српскиот шампион Бентил имаше 13 поени, пред Адамс и Ивановиќ кои поделија по девет.
Следното коло за Ефес носи гостување кај Монако, додека Црвена Звезда е домаќин на Панатинаикос.
Изненадувања вечерва приредија Олимпијакос и Монако со гостинските победи. Олимпијакос во дербито ја совлада Барселона на гостински терен со 80:70, додека Монако беше убедлив во Италија „прегазувајќи“ го тимот на Виртус Болоња со 83:66.
Кошаркарите на Партизан беа поразени убедливо од Алба со 100:84 во Берлин.