Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лео Меси, има одлична втора сезона со францускиот шампион ПСЖ.
Тој моментално со својата игра потсетува на своите најдобри денови и има осум гола и асистенции во првите 13 натпревари од сезоната, но следниот првенствен натпревар на ПСЖ на гостувањето кај Ремс ќе мора да го гледа од трибините поради повреда на мускулот на потколеницата. ПСЖ во сабота гостува кај клубот кој моментално е на 17. место на табелата.
Аргентинецот го постигна единствениот гол за ПСЖ на неодамнешното реми во Лигата на шампионите против Бенфика и ја испиша историјата на најелитното клупско натпреварување постигнувајќи гол против 40 различни противници во Лигата на шампионите.
Тој мораше да го напушти теренот на десет минути пред крајот поради болки во потколеницата. Ден по натпреварот со Ремс, медицинската служба на ПСЖ ќе направи нова проценка.
Според првите информации, настапот на Меси на Мундијалот не е доведен во прашање.