Актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, Макс Верстапен постигна најбрзо време во квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Јапонија. Со тоа ги зголеми шансите уште овој викенд на патеката Сузуки да ја одбрани титулата што ќе му појде од рака ако победи утре со најбрз извозен круг.
Холанѓанецот го освои четвртиот пол во шампионатот на легендарната Сузука, а 18-ти во кариерата.
Холанѓанецот беше за 0.010 секунди побрз од Шарл Леклер и 0.057 секунди побрз од Карлос Саинц, обајцата од Ферари.
Расплетот на квалификациите сè уште не е дефиниран, бидејќи се води истрага поради инцидентот меѓу Верстапен и Ландо Норис, кој помина без сериозни последици. Четврто најбрзо време имаше совозачот на Верстапен, Перез, а петтата позија ја освои Естебан Окон од Алпине.
По него следат Луис Хамилтон на Мерцедес, Фернандо Алонсо на Алпине, па Џорџ Расел- Мерцедес, Себастијан Фетел на Астон Мартин и Норис на Мекларен.
Верстапен и Норис се подготвуваа за брз круг, а Холанѓанецот ја загуби контролата над болидот и за малку ќе се завртеше на патеката, а токму тогаш дојде возачот на Мекларен кој успеа да го избегне.
Поради ова му се заканува казна со поместување неколку позиции на стартот од трката.
Изминатите две сезони ГН на Јапонија не беше во календарот на Формула 1 поради пандемијата на коронавирус, а организаторите на утрешната трка очекуваат близу 190.000 гледачи.
That was close! ????
Lando Norris just avoids Max Verstappen, who gets a huge kick of oversteer coming into the final chicane
No contact is made and they both continue#JapaneseGP #F1 pic.twitter.com/L0sztfX65N
— Formula 1 (@F1) October 8, 2022