Трансфери во Ф1: Гасли нов возач на Алпин, Де Врис во Алфа Таури

Францускиот возач Пјер Гасли, од наредната сезона ќе вози за Алпин. Од друга страна, пак, неговото место во Алфа Таури ќе го заземе Ник де Врис од Холандија.

Гасли ќе го замени Фернандо Алонсо, и така ќе му се придружи на Естебан Окон, неговиот пријател од детството, и ќе го сочинуваат францускиот тандем од 2023 година во Алпин.

„Возбуден сум поради новото поглавје во животот“, рече Гасли, кој победи на една трка во Формула 1, за ГН на Италија во Монца во 2020 година.

Де Врис, пак, во Алфа Таури ќе вози заедно со Јапонецот Јуки Цунодо.

Треба да знаете
Последни објави