Серхио Рамос успеа да добие два жолти картони за 30-тина секунди, за да го заработи неверојатното 28. исклучување во неговата кариера, со што „помогна“ Пари Сен-Жермен да одиграат само 0:0 на гостувањето кај Ремс.
Шпанскиот дефанзивец доби жолт картон поради попречување на еден напад на домаќините во 41. минута од мечот, а кога почна да се расправа со судијата Пјер Гелуст, кој не се двоумеше и му покажа и втор жолт картон.
Со ова, тимот на Кристоф Галтие ја смени играта останувајќи со 10 играчи, и на крајот домаќините останаа со поен. И покрај ова, ПСЖ остануваат лидери во Лига 1 со 26 поени, три повеќе од Олимпик Марсеј.