Како што е познато, секој човек на светот има свој двојник, а се чини дека двојникот на холивудскиот актер Брус Вилис живее во Србија.
На автобуската линија меѓу белградските населби, некој фотографирал маж кој неодоливо потсетува на познатиот актер. Фотографијата набрзо се прошири на социјалните мрежи и стана вирална, а многу корисници се пошегуваа на сметка на двојникот на Вилис.
„ Овој личи на оној од Die Hard“, „Брус Вилис бара каде да купи млеко во Србија“, „Брус Вилис се распадна“, „Се повлече од актерството, па се вози со нашиот ГСБ и ужива“, „Тој го снима Die Hard 7“, „Потполно ист“, се пошегуваа коментаторите.
Неодамна беше објавено дека Вилис ги продал правата на своето лице на компанија за креирање дигитални двојници наречена Дипкејк – дозволувајќи им да создадат „дигитален близнак“ за актерот, кој се пензионираше во март откако му беше дијагностицирана афазија.
Сепак, Би-Би-Си објави дека портпаролот на Вилис негирал дека имал некакво партнерство или договор со компанијата. Дипкејк го потврди ова за Би-Би-Си, велејќи: „Формулацијата за правата е погрешна… Брус не можеше никому да продаде никакви права, тие првенствено се негови“.