Анчелоти: Против Хетафе не добивме пенал и ни беше поништен гол

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека неговиот клуб е оштет ен на синоќешниот натпревар со Хетафе во 8. коло од Ла лига.

Сепак, Реал на крајот победи минимално со 1:0 и ги освои трите бода.

– Ја контролиравме играта од самиот почеток. Очигледно ни помогна тоа што рано поведовме, но не можевме целосно да го решиме исходот. Неизвесноста се задржа до крај. Не ни беше досуден пенал, не го важеа нашиот гол поради офсајд. Ја исполнивме нашата задача играјќи самоуверено во одбраната. Милитао и Рудигер имаа одличен натпревар, исто како и Чуамени, истакна Анчелоти за „Марка”.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Едер Милитао во 34. минута од средбата.

Реал Мадрид освои 22 бода и е на првото место во поредокот, пред Барселона која е со 19 бода и средба помалку.

Треба да знаете
Последни објави