Наполи запиша петта победа по ред во италијанската фудбалска Серија А со триумфот на гостувањето кај Кремонезе (4:1) во рамки на 9.коло. Матео Политано од пенал им донесе на гостите водство од 0:1 во 26.минута. Сирел Десерс израмни на 1:1 за домашниот тим, кој немаше сили за ништо повеќе.
Џовани Симеоне повторно го врати фаворитот во водство во 76.минута, а со два гола во судиското продолжение на Ирвинг Лозано и Матијас Оливеира, Наполи ја потврди убедливата победа.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од тренерот Лучијано Спалети да влезе во игра во 82.минута.
Наполи е лидер во Серија А со 23 бодови, два повеќе од Аталанта, три од Удинезе и шампионот Милан.