Екипата на Феникс како гостин го победи Работнички вечерва во СРЦ „Кале” во Скопје со 75:64 во натпревар со кој беше заокружено првото коло од новиот шампионат во Македонската кошаркарска лига.
Претходно во текот на денот гостинска победа забележа и Чаир против Куманово со 87:79.
На натпреварите играни вчера:
Академија ФМП – Кожув 79:75
Гостивар – Пелистер 91:79
Струмица – Еуро Никел 84:95.
Во четвртокот ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 60:74.