Манчестер јунајтед со пресврт стигна до победа на гостувањето кај Евертон (2:1) во рамки на 10. коло од англиската фудбалска Премиер лига. Домаќинот на „Гудисон Парк“ поведе прекумАлекс Ивоби уште во 5.минута.
Ентони успеа да израмни десет минути подоцна. Ентони Марсија се повреди, па Кристијано Роналдо влезе од клупата во 29.минута. Пред крајот на првото полувреме Португалецот постигна гол за пресврт од 1:2. Тоа за него беше јубилеен 700-ти гол во клупската кариера, а воедно и прв од игра сезонава, бидејќи претходно погоди еднаш против Шериф од пенал во Лигата на Европа.
Манчестер јунајтед сега е петти на табелата со 15 бодови, Евертон е 12-ти со 10 бодови.