Арсенал преку Ливерпул повторно го запоседна врвот во Премиер лигата

Арсенал го совлада Ливерпул (3:2) на „Емирати“ во дербито од 9. коло во англиската фудбалска Премиер лига и повоторно го запоседна врвот на табелата. Арсенал ја потврди добрата форма сезонава, а ја продлабочи кризата кај Ливерпул. Тимот на Артета дојде до осмата победа во деветтото коло и повторно е на врвот на табелата со еден бод предност пред актуелниот првак Манчестер сити.

„Топчиите“ уште во првата минута ја затресоа мрежата на Ливерпул. Мартинели постигна гол за водство на Арсенал од 1:0. Тој резултат беше актуелен до 34. минута кога Дарвин Нуњез реализираше за израмнување на 1:1.

Во судиското продолжение од првото полувреме Мартинели овојпат беше во улога на асистент, а Сака постигна гол и го врати водството на Арсенал со 2:1. Но, Ливерпул брзо изедначи во вториот дел, во 53. минута Фирмино постигна гол за израмнување на 2:2.

На 15 минути до крајот беше досуден пенал за Арсенал по фаул на Тиаго Алкантара врз Габриел Жесус. Сака биеше прецизно од белата точка за победа од 3:2.

 

Треба да знаете
Последни објави