(Видео) Педри ја задржа Барселона на врвот

Барселона и Реал Мадрид првото Ел Класико во новата сезона кое ќе се одигра идната недела ќе го дочекаат како ко-лидери со ист број на бодови, по 20 од одиграни 8 кола во шпанската фудбалска Ла Лига. Барселона вечерва  на „Камп Ноу“ со погодокот на Педри ја прокнижија седмата победа по ред во Ла Лига.

Младиот шпански репрезентативец Педри го постигна единствениот гол на натпреварот во 17.минута и ја продолжи победничката серија на Барселона.

По осмото коло, Барселона е лидер со 20 бодови, колку што има и Реал Мадрид, но Каталонците имаат супериорна гол разлика 20:1, додека „кралевите“ имаат 19:7.

https://twitter.com/i/status/1579190777686921216

 

Треба да знаете
Последни објави