Македонија во квалификациската група Ц за пласман на Европското фудбалско првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија ќе игра со Италија, Англија, Украина и Малта. Одигрувањето на натпреварите кои ќе се реализираат од март до ноември идната година „црвено-жолтите“ ќе го почнат и завршат со домашни натпреаври. Почнуваат со најслабо рангираната Малта на 23 март, а ќе завршуваат на 20 ноември со Англија.
Првите најдобропласирани репрезентации по десетте одиграни кола во групата ќе се пласираат на завршницата од ЕП.
Распоред на одигрување на натпреварите за Македонија:
1 коло: Македонија – Малта (23 март, 2023 година)
2 коло: Македонија е слободна
3 коло: Македонија – Украина (16 јуни)
4 коло: Англија – Македонија (19 јуни)
5 коло: Македонија – Италија (9 септември)
6 коло: Малта – Македонија (12 септември)
7 коло: Украина – Македонија (14 октомври)
8 коло: Македонија е слободна
9 коло: Италија – Македонија (17 ноември)
10 коло: Македонија – Англија (20 ноември)