Фудбалерите на Унион Берлин славеа на гостувањето кај Штутгарт (0:1),а Фрајбург „киксот“ со Херта (2:2), па тоа му беше доволно пак да се искачи на врвот од бундеслигашката конкуренција по 9. коло. Тимот на Унион Берлин продолжува да биде најпријатно изненадување сезонава во Бундеслигата. Пол Јаекел беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во 76.минута. Унион сега на врвот на табелата има 20 бодови, два повеќе од Фрајбург, додека Баерн и Борусија Дортмунд имаат по 16 на третото, односно четвртото место.