Милевски со домашни сили ќе оди на тест во Саудиска Арабија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска го објави  списокот со кандидатите кои ќе ги има на располагање за пријателскиот меч со аудиска Арабија во Абу Даби на 22 октомври. На овој контролен меч Милевски ќе може да ги провери кандидатите за државниот тим кои доаѓаат од клубовите од домашната сцена, бидејќи не е во ФИФА термин и неможе да смета на „странците“. Меѓу повиканите 21 кандидат, само тројца се „странци“, Кристијан Тошевски од Тирана, Мартин Стојанов од Септември Софија и Дарко Велковски, кој е слободен и може да игра зашто летово направи трансфер во Саудиска Арабија.

Собирот за репрезентативците е закажан за 17 октомври, а веќе наредниот ден експедицијата ќе замине за Абу Даби  каде на 22. октомври ќе го одигра контролниот меч.

-Ни претстои силен контролен натпревар против Саудиска Арабија, репрезентација која е во фаза на последни подготовки за Светското првенство. Ова ќе биде одлична можност за повиканите фудбалери на терен да се соочат со квалитетен противник, а ние како стручен штаб, реално да го видиме потенцијалот и квалитетот на фудбалерите кои сметаме дека се во најдобра форма во моментот во нашата лига, вели Милевски.

Македонскиот селектор Милевски имал намера да повика уште петмина „странци“, но  фудбалерите не добиле дозвола од своите клубови да се ставата на располагање на репрезентацијата.

-Нашата намера беше да ги повикаме и Мартин Мирчевски (ТСЦ, Србија), Марко Симоновски (Дрита, Косово), Сефер Емини (Сондерјиске, Данска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и голманот Беким Реџепи (Партизани Тирана, Албанија), но дел од нив не добија дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот ќе се одигра надвор од ФИФА термин за пријателски мечеви, а некои се опоравуваат од повреди. Со нас ќе биде Дарко Велковски на кого му требаат натпревари за да влезе во права натпреварувачка форма, а шанса ќе добијат и Мартин Стојанов и Кристијан Тошевски. Се надеваме дека сите повикани фудаблери ќе одиграат максимално сериозно и ќе остават позитивен впечаток, вели Милевски.

На списокот со повикани кандидати се најдоа:

ГолманиКристијан Наумовски (Шкупи), Костадин Захов (Шкендија), Игор Алексовски (Работнички);

ОдбранаДарко Велковски (Ал Етифаг, Саудиска Арабија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Марио Младеновски (Шкупи), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија), Бојан Илиевски (Македонија Ѓ.П.), Зија Мерџани (Струга Трим Љум), Владица Брдаровски (Шкупи);

Среден редИван Николов (Брегалница), Адем Али (Шкупи), Ферхан Хасани (Шкендија), Бунјамин Шабани (Струга Трим Љум), Бојан Димоски (Академија Пандев);

НападБесарт Ибраими (Струга Трим Љум), Влатко Стојановски (Шкендија), Љупче Дориев (Шкендија), Кристијан Трапановски (Шкупи), Методија Максимов (Работнички), Мартин Стојанов (Септември Софија, Бугарија).

Треба да знаете
Последни објави