Иниеста му порача на Чави дека треба да работи да се подобри менталниот склоп кај фудбалерите

Андрес Иниеста одработи ексклузивно интервју за „Газета“ пред реваншот меѓу Барселона и Интер во фудбалската Лига на шампионите, пресметка која тој ја посочи како патоказ за тимот од „Камп Ноу“ доколку планира да продолжи со настапите во осминафиналето.

Легендарниот играч на Барселона кој иако има 38 години се уште е активен во Јапонија и планира да игра уште најмалку една сезона, постојано ги следи случувањата во тимот на својот поранешен клуб каде играше во тандем со сегашниот тренер Чави Ернандес.

– За Барселона ќе биде клучно да го победи Интер за да остане жива во натпреварувањето. Следниот меч е клучен и сигурно ќе биде тешко против Интер. На Италијанците ќе им одговара и бод и можат да чекаат против напади, но очекувам Барселона да ја преземе иницијативата. Лигата на шампионите е натпреварување во кое секоја грешка скапо се плаќа. Барселона има капацитет и очекувам дека на реваншот ќе направи тоа што треба. Им посакувам успех, иако нема да биде лесно против тим кој е навистина е добро организиран – вели Иниеста

Играчот од средниот ред Иниеста, кој во тандем со актуелниот тренер на Барселона, Чави беа своевремено движечка оска на тимотм од „Камп Ноу“ , смета дека неговиот некогашен соиграч, сега стратег треба да работи на менталниот склоп кај фудбалерите.                                     – Од далеку ми изгледа како се уште да постои емотивна нестабилност во тимот. Победите даваат голем морал, но еден пораз беше доволен за да се внесат нови сомнежи. Барселона има одличен тим и комплетен состав во моментов. Заврши одлична работа од стартот на сезоната. Мора да се има голема самодоверба и да не се нарушува истата после еден лош резултат – порачува Иниеста.

Треба да знаете
Последни објави