Фудбалерот на францускиот првак ПСЖ, Серхио Рамос се соочува со казна поради навреда на судија.
Триесет и шестгодишниот шпански дефанзивец на Пари Сен-Жермен, во првото полувреме од натпреварот во француската Лига 1 со Ремс (0:0) набрзина доби два жолти картона, што значеше автоматски црвен, поради расправии со судијата Пјер Желуст.
Според „RMC Sport”, судијата својот извештај по натпреварот посочил дека Рамос протестирал поради неговите одлуки, но тој не ја забележал навредата.
Благодарение на снимката од ТВ каналот Канал +, беше можно да се утврди дека Рамос судијата го нарече „копиле”.
За агресивно однесување, Рамос се соочува со суспензија од два до седум натпревари. Дисциплинската комисија ќе заседава во среда навечер.