Одбранбените фудбалери на Баерн, Матијс де Лихт и Алфонсо Дејвис ќе го пропуштат утрешниот натпревар од четвртото коло во Лигата на шампионите против Викторија Плзењ, објавија некои германски медиуми.
Двајцата фудбалери се повредија на натпреварот од 12. коло од германската Бундеслига минатиот викенд против Борусија Дортмунд (2:2).
Учеството на играчот од средниот ред Серж Гнабри на натпреварот против Викторија останува под знак прашалник.
Натпреварот Викторија Плзењ – Баерн Минхен ќе се одигра утре со почеток во 21 часот.
Баерн Минхен е на врвот на табелата во групата Ц со максимални девет бодови, чешката екипа е на последното, четврто место без освоен бод.