Фудбалската репрезентација на Романија треба да игра во иста квалификациска група за ЕП-2024 со Косово, но државните власти велат дека тоа нема да се случи, затоа што не ја признаваат оваа држава.
Федерацијата на Романија побара мислење од владата, а засега ставот е дека нема да се играат натпреварите.
-Косово не е призната држава од Романија. Мојот личен став е дека не треба да играме со Косово, па дури и ако тоа значи службен пораз од 3:0, изјави Теодор Мелескану, поранешен министер за надворешни работи на Романија.
УЕФА се залага да нема мешање на политиката во фудбалот, но при ждребот сепак имаше одредени „насоки“ дел од земјите кои се во конфликт да не бидат распоредени во иста група.