Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) ќе ангажира читач на усни како дел од истрагата за инцидентот на дербито Арсенал-Ливерпул и дискусијата помеѓу капитенот на „црвените“, Џордан Хендерсон и дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магаљаеш при 3:2 победата на „топчиите“.
Двајцата беа во конфликт во финишот на мечот, кога Хендерсон беше лут на судијата Мајкл Оливер кој досуди пенал за стартот на Тијаго Алкантара над Габриел Жесус, и двајцата стоеја лице-до-лице пред да бидат разделени. Иако засега не е јасно што кажа Хендерсон за да има лута реакција на Гранит Џака и судијата Оливер да ги информира двајцата менаџери дека ќе го запише инцидентот во записникот.
Габриел и Хендерсон беа забележани како разговараат по крајот на мечот во присуство на бразилскиот сонародник на Габриел, Роберто Фирмино, а дел од шпекулациите велат дека Англичанецот користел некој расистички коментар.