Објавени се деталите од договорот на норвешкиот фудбалски интернационалец Ерлинг Халанд со англискиот премиерлигаш Манчестер сити.
Од „Атлетик” потврдуваат дека норвешкиот напаѓач ќе има ослободителна клаузула од 200 милиони евра од 2024 година. Оваа сума постепено ќе се намалува во текот на договорот.
Воедно, клаузулата важи за сите клубови, освен за англиските.
Исто така, се тврди дека клубот кој ќе одлучи да потпише со Халанд ќе мора да плати агенциски провизии и бонуси.
Се верува дека Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Халанд во 2024 година.
Дваесет и двегодишниот напаѓач има постигнато 20 гола на 13 натпревари за Сити.