Македонската актерка Бедија Беговска, доајен на Турскиот театар во Скопје се приклучи на актерскиот тим во ТВ серијата „Балканска приказна” која се снима во Скопје и привлече големо внимание во Турција и во земјава.
Бедија Беговска ја игра улогата на Нина, сестра на Елена (Сузан Акбелге) и 35-годишната тајна љубов на Ќофтеџи Сулејман (Ердал Озјаџилар).
Беговска за турската публика е позната по улогите во „Лимонада”, „Вишновата градина”, „Познатата Фиренца”, „Мутлу ол јетер”, „Горчлива Цреша”, како и многу успешни улоги по кои е препознатлива кај македонската јавност, односно во Македонски народни приказни, Наше Маало, Збогум Румелија, Трето полувреме, Преспав. За нејзините успеси говори и наградата за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински”.
Во изминатите епизоди на ТВ серијата „Балканска приказна” гледачите беа сведоци на драматичната приказна меѓу Ќофтеџи Сулејман и Нина, полна со тајни. Во 15-тата епизода, која ќе се емитува вечерва на ТРТ 1, ќе ја гледаме немилосрдната борба на Сулејман повторно да се сретне и соедини со неговата голема љубов, која ја загубил пред 35 години.
ТВ серијата „Балканска приказна” е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а во режија на Селахатин Санџакли и Еврим Јонеј. Сценаристи на ТВ серијата се Угур Узунок, Абдулхамид Ишик, Есма Коч, Идрис Мејди, Алев Узма и Озан Ајаз, а линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.