Утрово на 38-годишна возраст во Скопје почина еден од најпознатите скопски бербер Џеваир Јакупи – Џеки.
Веста се прошири на социјалните мрежи, а неговите пријатели преку емотивни статуси се простуваат од него.
Инаку, Јакупи имаше свој салон за потстрижување „Џеки Јанг“ во ТЦ Зебра, каде меѓу посетителите имаше и лица од јавниот живот, политичари, спортисти.