(Фото) Подмладената македонска репрезентација го растури Луксембург

Подмладената македонска машка ракометна репрезентација го растури Луксембург  во Скопје (38:24) во првиот натпревар од квалификациската група за ЕП-2024. Избраниците на слекторот Кирил Лазаров на овој меч се докажуваа кој колку може пред вториот и многу посериозен испит што ќе го имаат за четири дена против Турција во Ван.

Резултатската рамнотежа беше присутна десетина минути од почетокот на мечот (6:4) по што македонските репрезентаивци почнаа немилосрдно да ја полнат мрежата на гостите и набрзо стигнаа до двоцифрена предност (14:4). За ваквиот епилог заслуги имаше и искусниот голман Никола Митревски кој со своите одбрани им влеваше дополнителна сигурност на своите помлади соиграчи во „црвено-жолтиот“ дрес.

Македонија на полувремето замина со убедливи 18:7 со што прашањето на победникот беше решено, остана само дилемата со колкава разлика ќе заврши мечот. Цветан Кузмановски, Филип Кузмановски и Мартин Серафимов постигнаа по 5 гола, а четири даде Игор Ѓорѓиев.

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

Треба да знаете
Последни објави