Принцот Вилијам повеќе не е најзгоден ќелав маж на светот.
Благодарение на својот кралски статус, принцот Вилијам е едно од најпознатите лица во светот, кој последниве две години ја носеше титулата најсекси ќелав маж. Сепак, неколку недели откако стана принц од Велс, познатиот актер Вин Дизел го претрка.
Истражувањето беше спроведено од агенцијата Reboot, која за својата студија користела неколку фактори: златен пресек, јавно мислење, нето-вредноста и висина. Техниката „златен пресек“, односно златен сооднос на лицето, ја користеле многу уметници за да постигнат рамнотежа и убавина во своите дела, најчесто скулптури и слики.
Така настана листата од 10 славни мажи, на која на прво место, како „најзгоден ќелав маж на светот“ се најде Вин Дизел.
Ѕвездата на „Брзи и бесни“ доби оценка 6,46 од 10, додека поранешниот број еден принцот Вилијам мора да се задоволи со петтото место со оценка 6,13.
Веднаш зад Дизел се Стенли Тучи, Шемар Мур, Питбул, а потоа Џејсон Стетам, Брус Вилис, Џо Роган, Двејн Џонсон и Мајк Тајсон, кој има најниска оценка, односно 2.50.
Инаку, со користење на техниката златен сооднос на лицето, познатиот естетски хирург Џулијан Де Силва пресметал кои десет жени се најубави. Првото место ѝ припадна на актерката Џоди Каме. По неа следат Зендаја, Бела Хадид, Бијонсе и Аријана Гранде.