(Видео) Кинески автомобил што лета го направи првиот јавен лет во Дубаи

Летечки автомобил направен од кинеската фабрика за електрични возила „Xpeng Inc“, го направи својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати, како дел од програмата на компанијата за лансирање на производот на меѓународните пазари.

„X2“ е авион со вертикално полетување и слетување со две седишта кој се крева со осум пропелери – по два на секој агол од возилото. „Одиме чекор по чекор кон меѓународниот пазар“, рече Мингуан Киу, генерален менаџер на „Xpeng Aeroht“.

„Го избравме Дубаи за првиот лет бидејќи е најиновативниот град во светот“, објасни тој.

Треба да знаете
Последни објави