(Видео) Нова божиќна реклама ги налути Британците

Британската компанија Very.co.uk, која се занимава со онлајн трговја, во саботата објави божиќна реклама.

Сепак, гледачите не се задоволни бидејќи се појави прерано, во октомври. „Божиќ не е само еден ден, туку многу денови“, вели актерка во рекламата на која е прикажана мајка која рано го слави Божиќ.

„Колку и да го сакам Божиќ, смешно е веќе да се прави божиќна реклама. Уште не е ни Ноќта на вештерките“, напиша еден гледач, додека друг додаде: „Има божиќна реклама во октомври, тие се виновни“.

Трет пишува: „Давам сè од себе да може секоја година првата божиќна реклама што ќе ја видам да е за Кока-кола. Не ми се верува дека оваа година ми ја уништи проклетиот Very.co.uk ни две цели недели во октомври. Дури ни Ноќта на вештерките не поминала“.

“Тоа е она што не е во ред со Божиќ во последниве години – почнува 12 недели пред вистинскиот датум. Многу смешно”, вели друг гледач.

Треба да знаете
Последни објави