Интервју со Канје Вест прекинато поради говор на омраза

Претстојната епизода од ток-шоуто на Јутјуб, The Shop: Uninterrupted е повлечена откако Канје Вест, наводно, користел говор на омраза и екстремно опасни стереотипи во едно интервју, дознава Би-би-си. Ваквиот потег дојде откако се покажа дека раперот споделил низа коментари засновани на расистички теории на заговор во одвоено интервју за „Фокс њуз“. „Фокс“ ги отстрани тие сегменти пред емитувањето, но снимката протече на технолошката веб-страница Motherboard.

Вест не го коментираше ниту едниот ниту другиот случај.

Раперот, кој го смени своето име во Је, но медиумите сè уште го користат претходното, Канје, пред извесно време беше суспендиран од „Инстаграм“ и „Твитер“ поради постирање антисемитски коментари.

Треба да знаете
Последни објави