Повторно се појави во јавност преписка на е-пошта што Анџелина Џоли му ја испратила на поранешниот сопруг Бред Пит во текот на бракоразводната постапка – со фокус на сопственоста на нивната винарница Шато Миравал во Франција.
Пораката открива детали за нејзината желба да ги измие рацете од винарницата што некогаш ја делеа.
Корисник на „Тик-ток“ објави слајдови што ја прикажуваат содржината на писмото, кое актерката го напишала во јануари 2021 година а сега е дел од судски документи, пренесува „Ентертејнмент тунајт“.
Актерката наведува дека ја напишала пораката „за да не биде емотивна“ во своето образложение за нејзината одлука да го продаде својот дел од винарницата.
„Тоа е местото каде што ги донесовме близнаците дома и каде што се венчавме со плоча во спомен на мајка ми“, пишува Џоли. „Место кое ветуваше многу, место каде што мислев да остарам. Дури и сега е невозможно да го напишам ова без да заплачам. Ќе ги сочувам моите сеќавања за тоа што беше пред една деценија.“
„Еден човек од Лос Анџелес рече дека винарницата е место кое го означува почетокот на крајот на нашето семејство. Не сакам да бидам во бизнисот со вино кога алкохолното однесување толку длабоко му наштети на нашето семејство.“
Џоли понатаму вели: „Се надевав дека винарницата би можела да стане нешто што нè одржува заедно, но сега гледам Пит сака да не сум косопственик и најверојатно ќе биде задоволен кога ќе ја добие оваа порака“.