Меси му „лајкна“ на Мартинез и ги налути навивачите на Барселона

Барселона одигра 3:3 со Интер на „Камп Ноу“ во 4. коло од групата во фудбалската Лига на шампионите и е пред елиминација од нокаут-фазата во елитното клупско натпреварување.  Во последните два меча од групата на италијанскиот Интер му треба само една победа против Викторија Плзен или Баерн Минхен, и да си го осигурна настапот во осминафиналето.

Аргентинецот во редовите на Интер, Лаутаро Мартинез постигна гол и му асистираше на Госенс за водство од 3:2 на италијанскиот тим. По овој меч, Мартинез објави фотографија од прослава на голот на „Камп Ноу“ и напиша „Напред Интер“. Меѓу голем број на оние кои што ја „лајкнаа“ фотографијата беше и долгогодишниот капитен на Барселона Лионел Меси, кој сега настапува за францускиот ПСЖ. Меси и Мартинез се репрезентативни колеги од Аргентина и големи пријатели и ова не е ништо чудно, но не и за навивачите на Барселона кои му се налутија на својот миленик кој наскоро ќе добие и статуа пред стадионот „Камп Ноу“.

Треба да знаете
Последни објави