Ким Кардашијан признава дека е исцрпена од негодувањата на поранешниот Канје Вест за тоа дека никогаш не може да ги види своите деца. Во новата епизода на „Кардашијанс“ на „Хулу“ – насловена „Ние сме создадени за ова“ – Ким, Клои и Кендал Џенер ручаат заедно кога Ким почнува да зборува за наводите на Канје што ги сподели на „Инстаграм“ во март.
Додека Вест во оттогаш избришаната објава тврди дека не ги видел своите деца една недела, Ким во новата епизода возвраќа на ваквите наводи.
„Канје сподели дека не можел да ги види децата… По ѓаволите, како да не беше тука утрово.“
„Престани со оваа приказна. Не можам повеќе да поднесам. Не можам да мотам напред-назад на интернет“, вели Ким.