Потомок на авторот на „А бре, Македонче“: Стихот со клетите фашистите не е првичен текст, а хоровите секогаш ја пееле како во Куманово

„Во домашната архива поседувам историски документ, во кој јасно е наведено дека на првата изведба на ‘А бре, Македонче’, на 8 ноември 1941 година, во селото Царевиќ (Прилепско), композицијата е изведена со стихот ‘денешните тирани’“ пишува Александар Трајковски, потомок на Ордан Михајловски-Оцка, автор на музиката и ко-автор на текстот на песната „А бре, Македонче“.

Тој пишува дека песната се појавува со три верзии – „денешните тирани“, „клетите фашисти“ и „клетите душмани“. Како што пишува Трајковски, не знае кога и како се појавуваат различни верзии, но кажува дека во првично изведената верзија се пее „денешните тирани“, а не „клетите фашисти“.

Во врска со изведената верзија на празникот 11 Октомври во Куманово, Трајковски вели дека не станува збор за никаква цензура, туку за изведба на верзија од песната со аранжман од крајот на седумдесетите години.

„Изведен е хорски аранжман на ‘А бре, Македонче’, направен од еден од најмаркантните и најзначајни личности заслужни за развојот на хорската музика во Македонија во втората половина на ХХ век, професорот Драган Шуплевски. Шуплевски, аранжманот го направил во доцните седумдесетти години на минатиот век и оттогаш, па наваму, овој аранжман, со овие стихови е изведуван од речиси сите хорови во Македонија. И, тоа никогаш не претставувало проблем. Да, заради акцентирањето и метричкото усогласување, Шуплевски направил мали измени, заради кои, денес се крена дел од јавноста. Но, во периодот кога Шуплевски го правел аранжманот, композицијата била третирана како народна (авторските права се признати дури во 1990 година)“ пишува Трајковски.

Треба да знаете
Последни објави