Семејна работа! Силвестер Сталоне на луксузен шопинг со сопругата и ќерките

Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин изгледаа посреќни од кога било додека уживаа во попладневниот шопинг со своите ќерки во Беверли Хилс во вторникот.

Двојката неодамна се смири откако Флавин (54) во август, на изненадување на сите, поднесе барање за развод од актерот (76) со кого е во брак 25 години.

Судијата официјално ја отфрли постапката минатата недела.

Сталоне и неговото семејство застанаа кај дуќанот „Ралф Лорен“ лоциран на улицата Родео Драјв во центарот на Беверли Хилс – омилена дестинација за шопинг за многу познати личности. На оваа улица има луксузни продавници што се протегаат на површина од над три километри.

„Рамбо“ ја покажа својата фигура во тесна сива маичка и сини фармерки.

 

Треба да знаете
Последни објави