Кошаркарите на ТФТ Скопје победија со 87:83 во СРЦ „Кале“ како гости против дебитантот во прволигашката македонска кошаркарска лига Чаир 2030, во првиот натпревар од 2. коло. Чаирчани ја добија првата четвртина со 19:16, но сепак поискусниот градски ривал ТФТ брзо направи пресврт и замина на паузата со 44:40.
Во текот на речиси цела трета четвртина ТФТ имаше водство, кое во еден момент стигна до осум разлика (52:44), но Чаир со подобра завршница направи пресврт (62:61). Големата битка продолжи во последната четвртина, каде што Чаир на двапати израмни (70:70), по што ТФТ со серија од 10:0 ја најави победата до која стигна на крајот со 87:83.
Андерсон со 20 поени беше најефикасен кај ТФТ, а кај Чаир и на натпреварот прв стрелец беше Мохамед со 26 поени.