На денешен ден (13 октомври 1993 година), пред 29 години македонската фудбалска репрезентација се појави на меѓународната сцена со одигрувањето на првиот натпревар од пријателски карактер во Крањ, против домашната селекција на Словенија.
Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски, забележа убедлива победа од 4:1 Првиот историски гол за Македонија беше дело на Зоран Бошковски – Чоко, а во листата на стрелците се запишаа и Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драги Канатларовски.