УЕФА го избра голот на Енис Барди против Монако за најдобар во 4. коло во Лига Европа, во конкуренција на вкупно 44 погодоци кои беа постигнати вчера во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Македонскиот репрезентативец од слободен удар во 57 минута го постигна третиот гол во победата од 4-0 на Трабзонспор над Монако во рамки на групата Х.
За Барди ова е прв гол во дресот на Трабзонспор сезонава во Лига Европа.
Турскиот тим по четири одиграни кола е второпласиран во групата Х со шест бодови, три помалку од лидерот Ференцварош. На третото место е Монако со шест бодови, но послаба пол разлика од Трабзонспор, додека Црвена ѕвезда на последното место има три бодови.
????⚽️ The #UEL Goal of the Week winner is…@Heineken | #UELGOTW pic.twitter.com/CDsAbebD1X
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 14, 2022