Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, норвешкото чудо Ерлинг Халанд, одговори на неколку интересни, но и необични прашања за Скај Спорт.
Па кога го прашаа за неговиот омилен играч кога растеше, тој одговори: „Освен татко ми, можеби би го издвоил и Златан Ибрахимовиќ“.
Гери Невил, кој го интервјуираше, во еден момент изговори: „Кому би му верувале да изведе пенал од кој зависи вашиот живот?
„Би рекол јас, затоа што многу верувам во себе. Но, ако треба да изберам некој друг, тоа би бил Марио Балотели бидејќи тој е можеби најдобриот изведувач на пенали што некогаш сум го видел“, одговори напаѓачот на Манчестер Сити.
Балотели, да напоменеме, денес има 32 години и го носи дресот на швајцарскиот ФК Сион, за кој досега има четири настапи и постигнато два гола.
Во истиот разговор, Халанд откри дека неговите омилени оброци се оние што „никогаш не може да ги јаде, односно оние што може да ги јаде ретко“. Додаде дека сака ќебап или пица со ќебап.
„Го сакам, тоа е една од најдобрите работи, но никогаш не можам да ја јадам. Понекогаш седам дома и размислувам колку би било добро… а потоа одам до фрижидер и си правам нешто друго. Сакам и вино“, откри тој.