Иако новата сезона започна фантастично за тимот на италијанскиот фудбалслки калчолигаш Наполи, кој подеднакво добро игра и бележи резултати за почит на двата фронта во Серија А и во Лигата на шампионите, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас очигледно не е задоволен од својот статус кој го има во клубот.
Пристигнувањето на новиот грузискиот интернационалец Квича Кварацхелија кој набрзо стана миленик на навивачите, значи дека Елмас добива многу мала минутажа од тренерот Лучано Спалети. Од ваквата ситуација очигледно не е задоволен македонските фудбалски репрезентативец.
Преку својот Инстаграм профил, Елмас напиша: „Мојата прва љубов, клупата“, праќајќи порака до Спалети и управата на клубот дека сака да добие поголема минутажа.