Кавани стана петтиот Јужноамериканец кој постигнал гол во четирит од Топ 5 европски лиги

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски ла-лигаш Валенсија, Единсон Кавани беше двоен стрелец на вчерашниот натпревар против Елче (2:2) во 9. коло од шампионатот на Шпанија.

Триесет и петгодишниот Уругваец стана петтиот јужноамерикански играч во 21 век кој постигнал гол во четири од петте најдобри фудбалски лиги во Европа.

Претходно тоа им успеа на Чилеанецот Алексис Санчез, Колумбиецот Џејмс Родригез, Бразилецот Филипе Кутињо и Аргентинецот Анхел Ди Марија.

Кавани има четири настапи за Валенсија оваа сезона во Примера, постигнувајќи два гола и една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави