Петровиќ: Не чека тешка задача, но со добра работа ќе избориме опстанок во АБА лигата

Тренерот на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ верува дека неговиот тим има квалитет да обезбеди опстанок во регионалната АБА лигат и покрај третиот пораз во низа од почетокот на сезоната.

„Сино-белите” вчеравечер загубија од Будуќност во Подгорица со 89:66.

– Не сум задоволен од нашето издание. Премногу изгубени топки, дури 15. Кога дојдовме на 5-6 разлика, промашивме неколку отворени шутеви. Не сум задоволен од реализацијата. Будуќност е еден од четирите фаворити за освојување на трофејот. Тука се и Партизан и Црвена ѕвезда од кои изгубивме во првите две кола, а на Цедевита Олимпија и гостуваме во петтото коло. Шанса за победа ќе бараме на другите натпревари. Не чека тешка задача да останеме во лигата. Одиме понатаму и верувам дека со добра работа и залагање мислам дека ќе обезбедиме опстанок, изјави Петровиќ.

МЗТ Скопје во следното коло го пречекува Студентски центар и тој натпревар ќе биде шанса з апрв триумф сезонава во регионалната кошаркарска лига.

Треба да знаете
Последни објави