Швјонтек се пласираше во нејзиното деветто финале оваа сезона

Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ига Швјонтек во полуфиналето во Сан Диего ја победи Џесика Пегула (САД) со 4:6, 6:2, 6:2.

Полската тенисерка сезонава го игра 16. турнир и стигна до деветтото финале. Таа досега во 2022 година има седум трофеи, а единствениот пораз во финалето го доживеа минатата недела во Острава, Чешка.

Победата над Пегула беше 63-та за Свентек оваа сезона. Ова е рекорд во женскиот тенис од 2016 година, кога Анжелик Кербер забележа 63 победи.

Треба да знаете
Последни објави