Повторно се покажа проблемот на Манчестер јунајтед во нападот, откако „ѓаволите“ не успеаја да го „скршат“ отпорот на Њукасл и одиграа само 0:0 на „Олд Трафорд“, додека Челси под Греем Потер продолжува со победите, по рутинскиот 2:0 триумф на гости кај ААстон вила.
Во меч кој започна со Сер Алекс Фергусон на теренот, за да му додели на Кристијано Роналдо награда за неговите 700. гола во клупскиот фудбал и на Давид де Хеа за 500. настапи со Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ имаа теренска иницијатива во првото полувреме, но најизгледната шанса беше пред нивниот гол кога Жоелинтон во една акција ја погоди пречката и стативата. Во второто полувреме пак, Роналдо постигна гол кој беше поништен поради офсајд, пред да биде повлечен од игра за да му даде место на Маркус Рашфорд.
Во 88. минута од мечот, токму Рашфорд ја имаше најдобрата шанса, кога го истрча голманот на Њукасл, Поуп и уфрли во шестнаесетникот, каде што Фред имаше очаен обид кон голот.
И покрај оваа замена, ништо не се смени во мечот и на крајот двата тима си заминуваат со по еден поен, за да останат на петтото и шестото место на табелата.
Вакви проблеми немаа „сините“ на Греем Потер, кои ја забележаа својата четврта победа во низа. Херој на Челси беше Мејсон Маунт, кој својата добра форма ја потврди со два гола во 6. и 65. минута од мечот.
ПРЕМИЕРЛИГА, 11.КОЛО
Манчестер јунајтед – Њукасл 0:0
Астон вила – Челси 0:2
Саутемптон – Вест хем 1:1