Салах го реши дербито на „Енфилд”

Ливерпул вечерва на домашен терен го победи Манчестер сити со 1:0 во натпреварот од 11. коло на Премиер лигата.

Стрелец на единствениот гол на дербито на „Енфилд” беше Мохамед Салах во 76. минута од средбата.

Во 85. минута од натпреварот, главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, доби црвен картон поради расправија со судијата.

Ливерпул се искачи на осмото место на табелата во Премиер лигата со 13 бода од 9 натпревари. Манчестер сити го претрпе првиот пораз во Премиер лигата оваа сезона и остана на втората позиција со 23 бода од 10 натпревари.

„Црвените” трет пат по ред ги победија „граѓаните” и ја продолжија серијата без пораз во натпреварите против тимот на Хосеп Гвардиола која трае пет средби.

Треба да знаете
Последни објави