Грците не им веруваат на своите судии, Летонци ќе ја делат правдата на средбата Олимпијакос – ПАОК

Дерби натпреварот од осмото коло во грчката фудбалска Суперлига меѓу Олимпијакос и ПАОК ќе го судат Летонци.

Средбата е закажана за вечер во 19 часот на стадионот „Геориос Караискакис” во Пиреја.

Правдата ќе ја делат судиите од Летонија: Андрис Трејманис, Харалдс Гундерманис и Алексеј Спасенников.

Функциите на ВАР ќе ги извршува Португалецот Жоао Пинеиро, резерва е Гркот Константинос Перакис.

Олимпијакос е на 4. место на табелата со 14 бодови, додека гостите од Солун имаат 12 бода и се на 6. позиција во пресрет на вечерашниот дуел со кој ќе се комплетира 8. коло.

Треба да знаете
Последни објави