Мбапе шокиран од написите за заминување од ПСЖ

 Напаѓачот на ПСЖ и француски репрезентативец Килијан Мбапе ги демантираше медиумите написи за негова, наводна, желба во јануари да го напушти клубот од Париз, изјавувајќи оти бил „шокиран” кога тоа го прочитал. 

Не сум барал да заминам во јануари, им изјави Мбапе на француските новинари по неделниот триумф на ПСЖ во прволигашкото дерби против Марсеј (1-0). 

Информацијата која беше објавена тој ден не ја разбрав. На ниту еден начин, ниту директно, ниту индиректно, не сум поврзан со таа информација, рече Мбапе. 

Неколку француски медиуми објавија минатиот вторник дека Мбапе има многу неисполнети ветувања од клупскиот претседател Насер Ач – Келалифи и оти сака да замине од редовите на ПСЖ што е можно поскоро. 

Бев шокиран од таа вест, како и сите други. Луѓето можеби мислат дека јас сум вклучен во тоа, но воопшто не сум, посочи Мбапе.

Треба да знаете
Последни објави