Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас оваа сезона е главно редовен играч во тимот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Наполи кој влегува во игра од клупата за резерви. Така беше и на вчерашниот дуел против Болоња во рамките од 10. коло во Серија А кој неговит тим го доби со 3:2 и се врати на лидерската позиција каде времено се искачи Аталанта. Елмас влезе во игра во 70 минута.
Пред овој натпревар Елмас објави фотографија на Инстаграм како оди кон клупата и ја нарече – „прва љубов“. Тоа беше порака упатена кон тренерот Лучијано Спалети, кој пак по дуелот со Болоња не му остана должен на Елмас и порача.
-Морам да потенцирам дека играчите кои влегоа од клупата се покажаа како клучни за победа на овој натпревар. Тоа покажува дека може да имате поважна улога како резервист, отколку да сте во стартниот тим. Сите се вклучени во проектот, изјави Спалети.