Меси гледа два фаворити за освојувањето на шампионскиот пехар на СП во Катар

Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси ќе го игра својот последен мундијал во Катар, во дресот на „гаучосите“. Најдобриот фудбалер на денешницата не ја крие желбата да ја заврши репрезентативната приказна со шампионскиот трофеј од СП-2022. Меси еден шампионски трофеј кога е во прашање репрезентативната кариера. И за него долго чекаше, а го освои на Копа Америка во 2021.

Според капитенот на „гаучосите“  неговата репрезентација не треба да се вбројува меѓу главните фаворити за освојување на пехарот.

-Ќе учествуваат големи репрезентации како Бразил, Германија, Франција, Англија, Шпанија… сигурно ќе заборавам некоја… Сепак, ако треба да изберам еден или два фаворити за пехарот, тогаш тоа се Бразил и Франција. Ова се двете селекции со најголема шанса за златниот медал, изјави Меси.

Треба да знаете
Последни објави